Грузиски хачапури
Состојки
- За тестото
- 350 гр. брашно
- 350гр сирење
- 250 мл топла вода
- 1 лажичка сол
- 1 лажица шеќер
- 1/2 лажичка инстант квасец
- 40 гр. маргарин
- За премачкување
- 1 јајце
- по желба сусам за посипување или микс на семиња
- и плус неколку парчиња тенко исечен кашкавал
Подготовка
Рецепти за хачапури има многу, најмногу се Грузиски и имаат меѓу себе рецептите по некоја мала разлика. Овие исто така од таму потекнуваат, но на Мегрелски начин.
Постапка
- На едрата страна на рендето изрендајте го сирењето.
- Во сад стопете го маргаринот и оставете да олади.
- Измешајте го брашното со инстант квсецот, солта, шеќерот, додадете ја водата и замесете го тестото, а домесете го со веќе растопениот и оладен маргарин. Ќе добиете многу меко тесто кое се лепи за раката, но не вознемирувајте се, така треба да биде. Оставете го покрено на топло да стаса.
- Стасано тестото поделете го на два еднакви дела. Не го размесувајте тестото туку едноставно истурете го на побрашнета работна површина и со прстите развлечете го правејки влдабнатинки. Направете мала кора. Врз неа ставете помалку од половина од сирењето, па од краевите подигајте го тестото кон средината и така затворете го. Со побрашнети раце сега сплескајте го во потенка поголема кора. На средината со прстите направете мал отвор.
- Со изматено јајце премачкајте ја кората, посипете врз него малку од ренданото сирење, ставете и сусам.
- Така постапете и со втората кора.
- Ставете да се печи во предходно загреана рерна на 250 степени.
- Кога е веќе печено, извадете за кратко и ставете одозгора тенко исечен кашкавал, вратета повторно во рерната да се стопи кашкавалот.
- Извадете и навистина ви посакувам да уживате во овој доручек или ужина. Прекрасни овие хачапури.
Од ова тесто излегуваат две пити - хачапури, но се доволно за 4 особи, доколку спремате за повеќе - тогаш дупла доза.
Забелешка
- И да ви се пристори дека е грешна мерката - колку брапно толку и сирење, ве уверувам дека не е - токму е. Самото стасувње на тестото малку е побавно, но ке биде.
- Јас денеска изрендав во сирењето и малку кашкавал сакајки да пробам како ке испадне, бидејки по оригиналниот рецепт тие користат некое специјално сирење кое јас го немам и мислам и да сакам да го направам не би можела. Таквата технологија сака да има и простор и алат - без алата нема заната, иако стално импровиирам нешто, но ова сирење не би можела да го правам, а не велам дека некој убав ден нема и да се преиспитам можностите - или ке го биде - или нема да го биде. ))))
- Кога се печени, слободно извадете ги за крато, ставете одозгора веке на тенки парчиња исеен кашкавал и вратете повторно во рерната додека се сопи кашкавалот.
- Доколку сакате да биде посно, тогаш ставете посен фил - пр. барен и лесно запржен спанак, штафел, праз... изоставете го премачкувањето со јајцето, и ке имате посни хачапури.
- Кај мене малку кашкавал беше и затоа така изгледа, ако имаше повеке - хачапурите ке беа и по - декоративни бидејки токму тоа што се на средината прави отвор на горната дел од тестото прави мало кратерче - од страната е подигнато тестото правејки вдлабнатина на средината. па кога се топи кашкавалот токму тука го прави и својот декор.
- Поради нестрпливоста ги сечев хачипурите ептен топли, врели... а не се ништо полоши и да се јадат оладени.
- Ако сакате да имате помали пити - обидете се да направите делејки го тестото и сирењето на уште два дела.. но тоа не ви е совет од мене, јас ке се задржам токму на вака како што ви опишав.