Испечати

Мешано месо со сос

Мешано месо со сос

Состојки

  • 1/2кг свинско месо од бут
  • 1/2кг свеж пилешки стек(не мариниран)
  • 1/2мл павлака за готвење
  • 2 поголеми кромитчиња
  • 2 средни моркови
  • 1/2кг печурки
  • 1 лажица црвен пипер
  • 1 лажичка сенф
  • зачини (мешан зачин,оригано,магданос,бибер)

Подготовка

Подготовка
1. Месото го сецкаме на поситни парчиња сипуваме вода. Заедно со месото ги додаваме морковите и кромидот и ги ставаме да повријат 1час.
2. Кога месото е сварено го тргаме на страна, морковите ситно ги сечеме кромидот го пасираме.
3. Во тава со малку зејтин ги пропржуваме кромидот, морковите и печурките.
4. Месото го ставаме во тава за печење со останатата течност во која се вареше во него додаваме мешан зачин, бибер и оригано.
5. Во тавата со пропржениот кромид, морков и печурки додаваме лажичка сенф и црвен пипер и полека ја сипуваме павлаката за готвење. Со смесата ја полеваме тавата со месо и запекуваме на 220степени половина час.
Сервираме со сезонска салата во мојот случај марула и шери патлиџани.
Добар апетит!