Медено срце (посно)

Состојки
- 300гр. брашно
 - 1 пециво
 - 1 ванила
 - 1/2 лажичка сода бикарбона
 - 2 лажички мед
 - 2 лажички какао
 - 4 лажици мармалад од кајсии
 - 1 лажичка цимет
 - 10-15 лажици млака вода
 - 150гр. шеќер
 - 50ГР. чоколадо
 
Подготовка
Сите состојки се мешаат заедно (освен чоколадото) и постепено се додава водата. Убаво се мешаат сите состојки заедно со жица за матење и тестото се турва во намрсен калап за срце. Се печи на 180 степени околку 30 мин.
 Кога ке биди малку изладено срцето се премачкува со еден слој мармалад и над него чоколадото топено.
 Количината на водата може да варира во зависност од големината на лажицата и видот на брашното.