Журка торта
Состојки
- Тесто
- 8 белки
- 10 л. шеќер
- 10 л. мелени ореви
- 5 л. брашно
- Фил 1:
- 1 ½ литар млеко
- 4 пудинзи од ванила
- 6 л. густин
- 10 л. шеќер
- 2 ванили
- Фил 2:
- 24 жолчки
- 10 л. шеќер
- 1 ½ маргарин
- 200 гр. Шеќер во прав
- 200 гр сецкана млечна чоколада
- 200 гр издробени бисквити
- 150 гр. мелени лешници
- 300 гр. шлаг
Подготовка
тесто
1. Белките со шеќерот ги матиме, потоа ги додаваме мелените ореви и брашното и со лажица мешаме.
2. Печеме во плех од шпорет обложен со хартија за печење на 180 степени, 15 минути.
3. За оваа торта правиме 3 теста, значи уште 2 ги правиме на ист начин како првото тесто
фил 1
1. 1,1 литар млеко ставаме на оган.
2. Во 400 мл млеко ги ставаме пудинзите, шеќерот, густинот и ванилите, убаво мешаме и тоа го додаваме во загреаното млеко, мешаме додека да ја добиеме потребната густина.
3. Потоа оставаме да се излади.
фил 2
1. Жолчките со шеќерот ги матиме на пареа потоа ги оставаме да се изладат.
1. 1, 5 маргарин матиме со 200 гр. шеќер во прав , потоа ги додаваме првиот и вториот фил и убаво матиме
2. Во филот ги додаваме млечната чоколада , издробените плазма бисквити и мелените лешници.
Јас од трите теста измерив точно и пресеков по 1/3 и така добив и 4то тесто.
Тестата ги филуваме и украсуваме со шлаг.