Испечати

Видео рецепт: Посна палео пица

Видео рецепт: Посна палео пица

Состојки

  • За ТЕСТО ќе ви треба:
  • 1 кг. безглутенско брашно (може и обично)
  • 3 кесички (21 гр.) сув квасец
  • 450 мл. вода
  • 5 лажици ладно цедено масло
  • 1 лажичка сол
  • 1 лажичка шеќер
  • За ФИЛ ќе ви треба:
  • 2-3 црпалки доматен сос
  • 1 црвена пиперка
  • 1 жолта пиперка
  • 1 рака печурки
  • 1 кромид
  • 1 рака зелени маслинки
  • 1 рака црни маслинки
  • 2 чешниња лук
  • 1 лажица оригано
  • По желба:
  • 1 јајце

Фичо решил да вежба и смета дека на секој што се занимава со спорт му е потребна оваа палео пица. Палео диета подразбира употреба на природни, нерафинирани состојки.

Подготовка

Чекор 1: Во сад за матење ставате 1 килограм безглутенско брашно (може и обично), три кесички квасец, 4-5 лажици ладно цедено масло за јадење, лажичка шеќер и лажичка сол. Постепено со месење ја додавате водата да добиете средно тесто (450-550 мл, во зависност од брашното).

Чекор 2: Месите додека не добиете хомогена смеса (околу 300 пати). Потоа го ставате тестото во фрижидер најмалку 12 саати – Фичо вика дека така е најдобро! Значи треба да го припремите еден ден пред да спремате пица.

Ова тесто е доволно за 3 пици.

Чекор 3: Потоа, од третина од тестото, тенко ќе растегнете една кора и ќе ја постелете во Тавата за пица. Премачкајте ја со доматен сос и наросете со оригано. Сецкате 200 грама различни маслинки (без семка), 2 чешниња лук, една рака печурки, кромид и пиперка по избор.

Чекор 4: Ја редите пицата во редослед по ваш избор и ја ставате во претходно загреана рерна, силен оган (минимум 220 степени). Печете кратко (околу 5-10 минути, зависно од јачината на рерната). Ако не постите, изматете едно јајце и истурете го врз печената пица, потоа печете уште 3-4 минути.

Чекор 5: Излизгајте ја пицата од тавата врз дрвена подлога, малку да се излади. Потоа, уживајте!

СОВЕТ: Рерната е најголемата тајна во рецептот за пица - што посилна рерна, тоа подобра пица. Пицата се пече на јака температура, кратко време. Затоа и пицата во фурна е најдобра – затоа што фурните на дрва може да постигнат температура и до 600 степени!