Фритули со мед и павлака
Состојки
- 400 гр. брашно
- 2 јајца
- 360 мл. јогурт или кисела павлака
- 1 ванила
- 1 лажица мед
- прстовет сол
- 1 пециво
- 1 лажица рум или некоја друга ракија
- по малку рендана кора од лимон и портокал
Подготовка
И овие Фритули беа карневалски, ги носев во Струмица.. Карневалот беше величенствен, спектакуларен.
Но, еве како ги спремав
- Прво лесно со жица разматете ги јајцата со ванилата, додете го медот и уште кратко промешајте, сега додадете го јогуртот или павлаката, брашното во кое сте измешале пецивото, ренданата кора од лимонот и портокалот, прстовет сол, измешајте, додадете го румот и повторно измешајте.
Се пржат во длабок зејтин.
- Во касеролата ставете го зејтинот, загрејте го, проверете ја неговата температура така што дршката од дрвената бркалка ќе ја ставите во зејтинот и ако околу неа се направат меурчиња, зејтинот ја има потребната температура (се како кај Колумбиските фритули).
Со мало лажице црпете од смесата и пропуштајте во зејтинот принесувајки ја лажицата блиску до зејтинот и со друга лажичка или со раката помогнете си да го турнете тестото од лажичката и нека се пржат. Нема потреба да ги вие свртувате бидејки кога се испржат од едната страна, тие сами ќе се превртат на другата страна.
- Испржени вадете ги и ставајте ги фритулите на хартиена салфета како би се впила евентуално вишокот на мрснината.
- Послужете со мед, џем, посипете со шеќер во прав, па дури и со сирење се супер. Одлични се.
СОВЕТ
- Во тестото можете да додадете и суво грозје предходно потопено во рум, рендана јаболка. Повторно добро и тоа супер добро.
- Општо познато веќе дека алкохолот се додава заради тоа да во тестото не се впие од зејтинот и да не се мрсни. Јас ставам рум заради аромата на самите фритули, а додатниот вкус го чинат и ренданите лимон и портокал.
- Фритулите воопшто е впиваат мрснотија, но не е на одмет да се стават на хартиена салфета.
- Во рецептот кажувам количина на брашно, но тоа сепак зависи од големината на јајцата, доколку ви се пристори да е премногу ретко тестото, додадете некоја лажица брашно, а густината зависи и од кое брашно ставате.
- Јас ги правам со брашно тип 400 - полуостро, овие карневалските ги правев со кисела павлака.
- Ги пржам во најмалата Делимано касерола, нели знаете, помалку зејтин потрошам, но за таа сметка и повеќе време ги пржам кое време не е страшно земајки во обзир дека сепак е ова мала количина.