Виенски бисквити
Состојки
- 225гр. путер на собна температура
- 50гр. шеќер во прав
- 1 лажица ванилен шеќер
- 1 лажичка естракт од ванила
- 225гр. брашно
- 100гр. чоколадо за готвење
- 25гр. пченкарно брашно
Подготовка
1. Загрејте ја рерната на 180 степени.
2. Во сад со миксер матете ги путерот, шеќерот во прав и ванилниот шеќер додека смесата не стане пенеста. Додајте го во садот и естрактот од ванила.
3. Со цеделка поминете го пченкарното и нормалното брашно и додајте го во садот за матење и мешајте со зица за матење додека смесата не стане хомогена.
4. Смесата префрлете ја во готварски шприц и со цик цак движења формирајте ги бисквитите на обложена тава за печење со хартија за печење.
5. Печете ги околу 15 минути додека лежерно не поруменат.
6. Испечените бисквити оставете ги да одморат уште 5 минути во тавата за печење, а потоа префрлете ги на жица комплетно да се изладат.
7. Чоколадото растопете го на пареа, а изладените бисквити мaцкајте ги д двете страни во чоколадото и оставете ги повторно на хартијата додека дa се затегне чоколадото. Притоа внимавајте додека ги мaцкате да не ви се скршат бидејки овие бисквити се лесно кршливи.
Излегуваат 20 бисквити.