Испечати

Олио санто

Олио санто

Состојки

  • 1/2 л квалитетно маслиново масло
  • 1 шака најлути, суви чили пиперчиња

Подготовка

Пред многу години, рецептот за ова луто, како што го нарекуваат масло на ѓаволот, масло го пронајдов во едно мало брошурче со наслов „Италијанска еротска кујна“. Како голем љубител на лутата храна веднаш го направив, ама тогаш со свежи, лути пиперчиња. Го искористивме во многу кратко време и оттогаш го имам како неизбежен начин во мојата кујна. За се го користам, како прелив за салата, во чорби, за месо на скара...
Едноставно се подготвува. Ако ви се пиперчињата поголеми, тогаш исечкајте ги, ставете ги во некоја тегла и прелијте ги со маслото. Треба да стојата најмалку две до три недели, додека не се спојат вкусовите. Готово. Можете да го користите. Можете да го исцедите, а ако е правено со малите пиперчиња, тогаш јас ги оставам внатре се додека не се потроши.
Бев многу пријатно изненадена кога во Италија, наместо кечап (вообичаено кај нас) ми донесоа такво масло како прелив за пицата. Прекрасна комбинација,