Испечати

Солени палачинки со доматен сос

Солени палачинки со доматен сос

Состојки

  • 3 јајца
  • 500мл млеко
  • 10-11 лажици брашно
  • 1 филџан масло
  • Фил
  • 100гр мелено месо
  • 200гр доматен сос
  • 50мл неутрална павлака
  • 1 средна главица кромид
  • По потреба масло

Подготовка

Од состојките направете палачинки.

Фил
Во тенџере на оган ставете го исецканиот кромид додајте малу вода масло и сол и оставте да врие додека да омекне. Во омекнатиот кромид додајте го меленото месо и зачините и испржете го. На крај додајте го доматниот сос и неутралната павлака и оставте да врие околу 5 мин. Земете една од палачинките и премачкајте ја само една половина преклопете со другата половина потоа премачајте ја половината од половината и поклопете да добиете четвртина.Четвртината делете ја на два дела со нож постапката повторете ја и со другите палачинки. Добар апетит.