Испечати

Солени мињони

Солени мињони

Состојки

  • 1 паковање тост леб (можи бел, интегрален или во комбинација, 2/3 бел и 1/3 интегрален)
  • За фил
  • 250гр. шунка
  • 300гр. мајонез
  • 500мл. павлака
  • 150гр. фета сирење
  • 4 варени јајца
  • 5 кисели краставички
  • 3 супени лажици кечап
  • 5-6 супени лажици, мелени оревчиња
  • по вкус сол
  • по вкус црна пипер
  • малку оригано
  • неколку маслинки за декорација

Подготовка

Мошне вкусни, а и декоративни. Погодни за свечени трпези...

Лебчињата на неколку пати, ги редиме едно врз друго ( по три лебчиња, бело-црно-бело) им ја отсекуваме кората и ги сечиме на четири, така што добиваме четири коцки. Исечените делови ги ставаме во микробранова на кратко да се стоплат и после ги оставаме на собна температура да се исушат или пак ги сушиме во загреана рерна. Потоа ги мелиме на машина за мелење бисквити, посебно белите делови, посебно црните и им додаваме и по неколку лажици мелени оревчиња. Ќе ни послужат за наросување на готовите коцки.

Понатаму се оди со спремање на филовите или намазите и тоа имаме три.
За првиот - ги пасираме жолчките и им ги додаваме ренданите краставички (изрендани на ситната страна од рендето и убаво исцедени), на тоа додаваме 2 супени лажици мајонез, 3 с.упени лажици павлака, црна пипер и оригано. Се убаво соединуваме со мешање. Лажиците убаво полни-турбо...

За вториот фил - ја рендаме шунката и и додаваме 3 супени лажици мајонез, 3 супени лажици павлака и 3 с.упени лажици кечап. Исто соединуваме со мешање.

Го спремаме и третиот фил при што фетата ја пасираме со вилушка, ги додаваме ситно изренданите белки, 3 супени лажици мајонез, 3 супени лажици павлака, црна пипер. Повторно соединуваме со мешање.

Распоредот на филовите и лебчињата се по желба. Цели се премачкуваат со фил. Се наросуваат со мелените трошки или можи цели да се извалкаат во нив. Се декорираат по желба.

*ИДЕЈА ПЛУС - можи да направите и солена ТОРТА редејќи ги парчињата леб цели или БОМБИЦИ кои ќе ги направите на тој начин што во било кој фил ( или како што направив јас- зедов исти делови од сите филови и ги помешав) додадете иситнети парчиња лебче, се разбира по потреба, за да се добие смеса од која можи да се обликуваат бомбици.
После приготвувањето на било која варијанта од ова вкусно нешто, потребно е малку време да отстои, за лебчињата убаво си примат од филовите и бидат уште повкусни...

На здравје!