Медени рум колачи
Состојки
- 4 јајца
- 2 филџани шеќер
- 3 филџана зејтин
- 3 лажици мед
- 1 кесичка ванила
- 1 лажичка сода бикарбона
- 1 лажица рум
- 700-800гр брашно
- 1 пециво
Подготовка
Колачињата се нешто што сите ги сакаме и често ги подготвувам, ова се едни од оние кои редовно ги подготвувам затоа што излегуваат полно. Во нивниот состав има мед, па затоа колку повеќе стојат толку се по меки и повкусни. Не можеме да си замислиме пиење кафе или чај без нив, по состав не се ништо посебно нема да ве остават без здив кога ќе ги видите но подготвувањето им едноставно кога ќе се пробаат не се застанува.
Подготовка
Јајцата ги матиме заедно со шеќерот го додаваме медот, зејтинот, рум, прашакот за пециво, ванила и содата полека додавајќи го брашното замесуваме меко тесто.
Работната маса добро ја посолуваме со брашно и со оклагија развлекуваме тенко тесто. Со калпчињата на делимано вадиме итересни форми на колачиња и ги ставаме да се печат во тава обложена со хартија на 200степени околу 10 минути.
Треба да бидете внимателни многу бргу се печат. Кога ќе го завршиме печењето колачињата ги лепиме со мармалад по желба јас комбинирам слива и кајсија.
Еден дел од колачињата ги натопувам во чоколадо а потоа во кокос.
Добар апетит!