Шарени палачинки
Состојки
- 2 јајца
- 500 мл. млеко
- 2 лажици масло
- 100 мл. газирана минерална вода
- 1 лажичка какао
Подготовка
Изненадете ги своите најмали со интересни, шарени палачинки.
Се матат јајцата, се додава солта, маслото, минералната вода, млекото и брашно до потребната густина.
Од смесата се вади околу 100 мл., се додава какаото и убаво се меша. Се става во пластично шише со тесен шилест отвор или шприц со најтенок отвор.
Се става од смесата во тавата за палачинки. Кога тестото ќе почне да се потпекува, со шприцот внимателно се прават разни шари - спирала, туфни, штрафти во коцки...
Фил, по желба - чоколаден крем со банана, мед и ореви, мармалад.
Верувајте, ќе ги снема за час...