Испечати

Посна торта Вишновка

Посна торта Вишновка

Состојки

  • За тесто
  • 1 чаша вода
  • 2 чаши брашно
  • 1 шоља шеќер
  • 1 и 1/2 шоља масло
  • 3 лажици мармалад
  • 1 лажица рамна, сода бикарбона
  • 3 лажици какао
  • За фил
  • 1 л вода
  • 200 гр шеќер
  • 12 лажици гриз
  • 250 гр маргарин
  • 100 гр шеќер во прав
  • 1 тегла компот од вишни
  • шеќер по вкус (неколку лажици)
  • неколку коцки посна чоколада за декорација

Подготовка

Прво да ви кажам дека состојките што се наведени се за две вакви тортички или за една која ќе ја печете во поголемо тавче или пак за ваква големина на торта која ќе биде на два спрата. Мене ми требаше помала торта и ги скратив состојките (овие што се запишани, на половина, при што го добив ова тортиче).
Вишните ги чистиме од семка и ги ставаме да провријат во шербет, направен од малку од течноста од компотот и шеќер по вкус. Оваа постапка може ама и не мора да ја правите, а зависи од тоа дали сакате да ви бидат повеќе или помалку благи вишните во тортата.
Состојките за тестото ги ставаме во еден сад, ги промешуваме (може и рачно) и ги ставаме во подмачкано со масло и набрашнето тавче бр. 28. Јас ја користев округлата силиконска тава на Делимано, па не подмачкував. Печеме на 200 степени.
Од водата за фил тргаме околу 200 мл во кои ставаме 12 лажици гриз и промешуваме како за пудинг. Поголемото количество на вода го ставаме да почне да врие со шеќерот и ванилата, па го истураме растворениот гриз, мешаме додека убаво да се згусне. Го оставаме да се излади.
Маргаринот со шеќерот во прав, пенасто ги матиме. Потоа изладената смеса и смесата со маргарин, убаво ги мешаме со миксер.
Е, сега филувањето. Врз кората ги редиме вишните, па одозгора филот и на крај декорираме по желба.

Забелешка
Може да користите и замрзнати вишни.
Во филот наместо вода, може да ставите и оризово, соино или бадемово млеко по желба.
Чашите се од 200 мл, а шољите од 150 мл.