Испечати

Посни палачинки со бешамел и шампињони

Посни палачинки со бешамел и шампињони

Состојки

  • Смеса за 8 палачинки
  • 2 и 1/4 чаши од 200 мл вода
  • 2 чаши брашно
  • 3 лажици масло
  • 1/2 лажиче сол
  • Бешамел сос
  • 500 мл млеко од соја
  • 50 гр маргарин
  • 50 гр брашно
  • по потреба сол, бибер и рендано морско оревче
  • Фил од шампињони
  • 500 гр свежи шампињони
  • 1 мала главица кромид
  • 2 чешниња лук
  • 2-3 лажици магдонос
  • по вкус сол и бибер
  • по потреба масло

Подготовка

1. Подготовка на бешамелот
Во мало тенџере ставете го млеко од соја да се загрее. Во друго тенџерче ставете го маргаринот да се стопи, потоа додајте го брашното и малку пропржете го. Додајте го врелото млеко и со жица мешајте го сосот да се згусти. Додајте сол, бибер и рендано морско оревче по вкус и тргнете го на страна да олади.
2. Подготовка на филот
Шампињоните исечкајте ги на тенки листови.
Кромидот ситно исецкајте го и пропржете го на малку масло. Додајте ги печурките и оставете ги да се пржат додека испари течноста што ќе ја пуштат. Потоа додајте го лукот и пржете ги уште 2-3 минути. Тргнете ги на страна, додајте го магдоносот, сол и бибер по вкус, измешајте и оставете ги да оладат.
3. Подготовка на палачинките
Состојките за смесата ставете ги во еден сад и со миксер или жица малку изматете ги да се изедначат и потоа на загреана тава испечете палачинки.
Секоја палачинка намачкајте ја со по две лажици бешамел сос и наредете од печурките. Завиткајте ја како триаголник и редете ги во плехче обложено со хартија или намачкано со масло. Сосот што ќе ви остане наредете го над палачинките, посипете ги со малку сусам и попрскајте ги со масло.
Ставете ги да се печат во загреана рерна на 200 степени околу 25-30 мин.
Послужете ги топли со мешана свежа салата.
Време е на пости и ова е мој предлог за вкусен оброк. Јас не ставив, но над бешамелот кога ќе ги филовате ако сакате може да додадете и рендан посен кашкавал.