Сникерс мафини
Состојки
- пандишпан
- 200 грама брашно
- 2 лажици какао
- 1 пециво
- 2 јајца
- 10 лажици шеќер
- 50 мл газирана вода
- 100 мл масло
- 1 чоколадо за готвење
- фил
- 20 лешник карамели
- 100 грама печени несолени кикирики
- украсување
- 1 шлаг пена или шлаг крем
Подготовка
Убави, вкусни, лесни....
ПОДГОТОВКА
1. Кикириките и карамелите ги сечиме на четвртинки.
2. Брашното, какаото и пецивото ги просејуваме во посебен сад за да нема грутки.
3. Го рендаме чоколадото.
ПАНДИШПАН
1. Јајцата ги матиме со шеќерот, го додаваме маслото, водата и се убаво матиме со миксер. Потоа ги додаваме брашното, какаото и пецивото и мешаме со лажица и на крај ренданото чоколадо. Убаво промешуваме да добиеме хомогена, густа и леплива смеса.
2. Калапите за мафини ги намрсуваме, ставаме една лажица од смесата, малку кикирики и карамел бонбони ( јас редев по 3/4 од бонбоните) и од горе пак една лажица од смесата. (слика)
ЗАБЕЛЕШКА јас смесата ја ставив во готварски шприц и така ги полнев калапите и одеше малку потешко, а и со лажица е тешко бидејќи смесата е леплива. Ви препорачувам да работите со навлажнети или намрсени раце и подобро и повеќе ќе искористите од пандишпанот.
Печеме во загреана рерна на 200 степени околу 15-20 минути во зависност од рерната.
УКРАСУВАЊЕ
За украсување можете да користите слатка палвака, шлаг крем, шлаг пена или што и да посакате оставам на вас. Јас моите ги украсив со мешавина од пудинг од ванила и шлаг пена кои ми останаа од претходниот рецепт торта за почетници. Одгоре наросуваме малку кикирики.
Од оваа смеса излегуваат 18 мафини, а јас имам само 12 и секогаш ми останува од смесата. Затоа имам решение имам едно калапче за торта срце и од состојките ми излегоа 12 мафини и еден прекрасен сникерс колач. Кај колачот најпрво го испеков пандишпанот и 5 мин пред крајот од горе ги ставиви кикириките и карамелите и оставив да се стопат во рерната. Откако се олади го украсив со кремот. (слика)
Ако не сакате мафини можете да направите само колач.
Навистина се многу вкусни и топло ви ги препорачувам.
На здравје !