Испечати

Американски палачинки со тиква, брусница и јаткасти плодови

Американски палачинки со тиква, брусница и јаткасти плодови

Состојки

  • Прв дел од смесата за палачинки
  • 2 шољи брашно (од 200 мл)
  • 200 мл млеко + 3 жолчки
  • 1 прашок за пециво
  • прстофат сол
  • Втор дел од смесата
  • прстофат сол + 3 белки
  • За преливот од тиква
  • 600- 700 гр тиква
  • 15 лажици шеќер
  • половина лажиче цимет
  • 60 гр сечкана брусница
  • За палачинките
  • 50 гр сечкани фстаци
  • 50 гр сечкани ореви
  • 50 гр сечкани бадеми

Подготовка

За оние кои го сакаат вкусот на тиква еве еден интересен и вкусен рецепт.

1. Тиквата ја рендаме и ја ставаме да се вари заедно со шеќерот и околу 50-60 мл вода. При крај на варењето го додаваме циметот и сечканата брусница, па ја оставаме да се лади.
2. Жолчките се матат со сол, па се додаваат останатите состојки за првиот дел од смесата. Белките се матат со солта, пенасто, во цврст снег и внимателно се мешаат со првиот дел од смесата, така да целата новосоздадена смеса да има воздушеста структура. Ставаме од смесата со лажица на тавче, нелепливо, со неколку капки масло и формираме каква големина на палачинки сакаме. Ги печеме на оган на средна температура на рингла. Врз секоја палачинка од горната страна, ставаме насекаде од сечканите јаткасти плодови. На една ореви, на друга бадеми, на трета фстаци, итн….
3. Откако ќе ги испечеме палачинките, секоја ја мачкаме со „тиквењакот“ и редиме една врз друга. Исто така можете и да ги намачкате со преливот (џемот)од тиква и да ги завиткате во ролат .

Забелешка
Користам непечени јаткасти плодови. Со шеќерот што се става во тиквата може да калкулирате, тој ќе зависи од тоа колку таа е блага.