Мојата мрзлива палачинка со јагоди и фстаци
Состојки
- За палачинката
- 4 јајца
- 12 лажици брашно
- 500 мл млеко
- 125 гр путер или маргарин
- За прелив од јагоди
- 400 гр јагоди
- 12 лажици шеќер
- 80 гр чистени непечени фстаци
- За декорација
- 3 коцки чоколадо
- 20 гр фстаци
- 100 мл слатка павлака
Подготовка
Не е таа мрзлива, туку јас. Во недостаток на време или ми се најавиле неочекувани гости, знам да си ја спремам оваа едноставна палачинка.
1. Убаво ги матиме јајцата со миксер, па ги додаваме брашното и млекото.
2. Ја вклучуваме рерната на 200 степени и во неа го ставаме тавчето од рерна (значи најголемо тавче) во кое сме го ставиле путерот да се стопи.
3. Ја налеваме смесата во тавче и печеме.
4. Оваа палачинка брзо се пече. Откако ќе се испече и малку излади, ја мачкаме со што имаме по дома, мармалад, крем, може и солена варијанта со павлака, салама, кашкавал...Значи изборот е индивидуален.
5. Јас овој пат ги искористив смрзнатите јагоди од кои направив прелив. Ги вриев со шеќер некои 15 минути па смесата ја изладив и филував со неа. Врз преливот наросив фстаци. Ја свиткав како ролат.
6. За декорација изматив слатка павлака, декорирав со шприц, наросив фстаци и нареднав чоколада.
Доколку ви е желба може во преливот да ставите и мелени бисквите, ореви или изматена слатка павлака.