Американски медени палачинки со рум
Состојки
- 250 гр. брашно
- 1 пакетче прашок за пециво
- 1/2 ванилин шеќер
- 60 гр. шеќер
- 300 мл. млеко
- 60 гр. маргарин или путер
- 2 јајца
- 2 лажички рум
- малку рендана кора од лимон
Подготовка
Ова е само основата за палачинките, а вие филувате како сакате. Јас само ќе кажам дека ние најчесто ги заливаме со мед, така најповеке ни одговараат
Во сад се мешаат сувите состојки.
Во друг сад се уработуваат јајцата, им се додава млекото и румот.
Во добиената смеса се додаваат измешаните суви состојки и со миксерот се продолжува да се работи додека не се изедначи смесата. На крај се додава стопениот путер или маргарин. Повторно се измешува.
Со салветата натопена во зејтин се премачкува тавката, се загрева на средна температура и се излива од смесата да се добијат малку подебели палачинки.
Се печат од околу 2 минути од едната страна исто толку и од другата страна.
Нека ви е слатко!
Окулу 2 минути од едната страна исто толку и од другата страна.