Посни колачи со гриз, пиво и кокос
Состојки
- 500 мл масло
- 250 мл пиво
- 6 лажици гриз
- 1 пециво
- 1 ванила
- 900 гр брашно(може и 1кг )
- 100 гр кокос
- Шербет
- 700 гр шеќер
- 500 мл вода
- половина сок од лимон
Подготовка
Се замесуваат сите состојки и се прават топчиња во големина на топче. Се редат во големиот плех од шпоретот и се печат во загреана релна 25мин/180С. Се оставаат да оладат.
Шербет-
Се вари шербет од вода и шеќер и кога ќе зоврие се трга настрана се додава сокот од лимонот. Се попаруваат колачите и стојат во плехот 3 часа за да се впие шербетот. Потоа се валкаат во кокос.
Пријатно!