Фламбирани палачинки со два фила
Состојки
- 3 јајца
- 300мл млеко
- 100мл кисела вода
- 350гр брашно
- 1/2 филџан зејтин
- 100гр путер
- 150гр шеќер
- 140гр вода
- 4 банани
- 150мл рум
- 250мл слатака павлака
Подготовка
Пошто сум авантурист по дух сакам да експериментирам, но ретко кога можам да испратам од почеток до крај некој рецепт. Моиве палачинки се една моментална инспирација за престониот ни нели празник осми март да ги изненадиме мажјаците со една жешка палачинка ,, кд ако не сг,,.
Морам да признам мојот беше ,,воодушевен со вкусот,,, а реакцијата за пироманскиот захват беше ,, само пази некој дн куќу да негу запалиш,, и толку околу романтиката. Се надевам доколку решите да ги подготвите нема да се заврши романтиката со некој против пожарен аперат.
Подготовка
Стандарно ја подготвуваме смесата за палачинки јас мислам дека со предходните ни рецепти веќе дипломиравме за подготовка. Но да се повторам се матат јајцата се додава млекото, зејтинот, киселата вода и на крај брашното. Печеме палачинки додека не се потроши смесата.
Подготовка на филовите
Путерот, шеќерот и кората од портокал ја ставаме во тава. Загревајте полека додека не добиете темно смеѓа боја. Сипете ја водата и нежно мешате додека не добиете на густина.
Бананите ги сечете на кругови и ги ставате во предходната смеса малку да се повриат. Во тавата сипете го румот и запалите, кога пламенот ќе изгори бананите се готови.
Филот го делам на два дела со веќе подготвениот ги филувам пола од палачинките и оставам малку за одозгора.
Останатиот дел од филот го враќам на шпорет и му додавам слатка павлака врие додка не се згусне.Со овој фил ги филувам останатите палачинки и декорирам одозгора. За краен ефект сипете на веќе декорираните палачинки малку рум и запалете. Ви посакувам среќен празник и пред се многу здравје!!!