Ќебапи од леќа и кус кус (посно без масло)
Состојки
- 240гр. леќа од конзерва
- 50гр. кус кус
- 2 лажици лебни трошки (презла)
- 1 лажичка сенф
- прстофат сушено нане
- прстофат црн пипер
- 1 лажичка сушен зеленчук
- попотреба сол
- За сосот
- 200гр. доматно пире
- по потреба црн пипер,сол, сушено нане,сушен зеленчук
Подготовка
Денес малку експриментирав во кујната. Прв обид за посни ќебапи. Задоволна сум од резултатот со оглед на тоа што се без масло.
1. Кус кусот го вариме 5 минути со исто толку вода во поклопен сад на оган.
2. Леќата и останатите состојки без кус кусот ги додаваме во сецкото или блендер и ги блендираме.
3. Сварениот кус кус уште топол го соединуваме со смесата од леќа и месиме со рака додека смесата не стане хомогена. Формирајте ги ќебапите и печете ги во грил тава.
4. Доматното со зачините додајте го во тава на оган и оставете го да динста околу 5 минути додека се зусти.
Сервирајте ги топли.
Предлог
Додека во деновите кога постите со масло, ќебапите можете да ги испржете во масло, а доматното пире претходно да го запржите со кромид и масло.