Испечати

Виткани ванилици

Виткани ванилици

Состојки

  • 800гр. брашно
  • 250гр. путер или свинска маст
  • 300мл. вода
  • 1 пециво
  • 200гр. мешан мармалад
  • 200гр. сецкани ореви
  • 100гр. шекер во прав

Подготовка

Замесуваме тесто од сите состојки. Тестото замесете го помеко и потоа го сучиме со сукало. Со чаша сечиме форми ставаме по малку мармалад и орев и ги виткаме од по страните.
Ги редиме во намрсено тавче, ги печиме 25 мин.на 180 степени.
Ладни ги посипуваме со шеќер во прав.
На здравје.
Во тестото ако сакате ставете и јајца, мене лично повкусни ми се без.