Испечати

Манастирско сирење

Манастирско сирење

Состојки

  • 600г бело сирење
  • 8 чешниња рендан лук
  • 80г путер
  • 20г буковска пипер (буковец)
  • 40мл млеко

Подготовка

За овој рецепт за намаз или салата верувам, слушнале многу од вас. Јас го обожавам, бидејќи многу сакам сирење во секоја варијанта. Овој пат искористив несолена изварка, бидејќи немав сирење (а приготвував закуска за гости).

1. Сирењето (или изварката) убаво се ситни да нема големи парчиња. Ако користите изварка, посолете по вкус, инаку нема потреба.

2. Се додаваат ренданиот лук и буковецот, убаво се меша.

3. Се топи путерот на тивок оган и заедно со млекото се додава на сирењето и се меша убаво да се добие хомогена смеса, како намаз.

Се служи ладно, по можност со топло лепче.