Залачиња принцес крофни
Состојки
- 500мл. вода
- 150мл. масло
- 300гр. брашно
- 1 пециво
- 5 јајца
- 500мл. млеко
- 2 пудинзи од ванила
- 200гр. шеќер
- 1 ванила
- 150гр. путер
Подготовка
Прво почнуваме да го правиме тестото за крофните. На оган ја зовриваме водата со маслото. Кога ќе зоврие ја тргаме настрана и го додаваме брашното, пецивото и 3 јајца едно по едно постојано мешајки со жица за матење. Кога ќе се добие убаво тесто со шприц вадиме форми и ги редиме во плех обложен со хартија за печење.
Ги печиме прво на 200 степени-15 мин.потоа ја намалуваме температурата на 180 степени и ги печиме 20 мин.и на крај на 130 степени околу 15 мин.
Многу е важно крофните убаво да се оспечат односно да се исушат внатре.
За филот ги вариме пудинзите со млекото, ванилата и шеќерот и 2 жолчки биени претходно
со миксер. Убаво ги вариме да се згустат и оставаме да се излади, а потоа го додаваме и путерот. Крофничките ги сечме на половина и ги филоваме, а горе посипуваме и шеќер во прав.
Крофнички, залачиња ама многу вкусни.