Сунгерка
Состојки
- 9 јајца
- 9 лажици шеќер
- 18 лажици гриз
- 6 лажици брашно
- 1 пециво
- 800гр шеќер
- 900мл вода
- 1 лимон
Подготовка
Овој колач е традиционален колач за Кумановскиот крај кој се подготвува за прочка. Знам дека во разни краеви се подготвува но има различни имиња и различни начини на подготовка ова е само еден од нив.
Подготовка
Во два сада ги делиме белките од жолчките и посебно ги матиме со по четири и половина лажици шеќер ги соединуваме. Во друг сад ги мешаме гризот, брашното и пецивото и сувата смеса ја соединуваме со јајцата, но мешаме со лопатка. Во тестото додаваме кора од еден лимон. Смесата ја сипуваме во добро подмачкано тавче печеме тивко на 180степени околу половина час.
Во тенџере го подготвуваме шербетот кој се вари пет минути и сокот сокот од лимонот го сипуваме во шербетот.
Тортата се попарува ладна, а шербетот жежок.
За овоа торта се купуваат домашни јајца поради преубавата жолта боја и се разбира квалитетот.
Добар апетит и среќен празник!