Испечати

Тестенини со суво месо и павлака

Тестенини со суво месо и павлака

Состојки

  • 300гр. јуфки
  • 300гр. суво месо (пилешко,свинско, мисиркино)
  • 200гр. сирење
  • 200гр. кисела павлака
  • по вкус бибер и копар
  • по потреба сол

Подготовка

Еден брз ручек за кога се нема време =)

1. Јуфките ставете ги да се варат во зовриена и малку посолена вода. Доволни се 3-4 мин да вријат, потоа извадете и прецедете. Оставете околу 50мл. од водата на страна.
2. Сувото месо исецкајте го на коцки и ставете го во загреана тава на оган да се пропржи и убаво да фати боја.
3. Во поголем сад ставете ги јуфките, испрженото месо, издробеното сирење, павлаката и малку бибер и копар. Убаво мешајте и додадете и од водата во која се вареа јуфките.
Ставете во намрсен плех и ставете во претходно загреана рерна околу 15-20 мин да се запечат.
Нека се изладат малку па послужете.

Добар апетит =)