Пита со јаболка и сливи
Состојки
- 300гр брашно
- 200гр маргарин
- 1 јајце
- 5-6 лажици млеко
- 1 пециво
- 5 лажици шеќер
- 1/2 лажичка сол
- фил
- 500гр кисели јаболка
- 150гр шеќер
- 150гр суви сливи
- 1 лажица рум
- 1/2 лажица цимет
Подготовка
Се замесува тесто од состојките и се остава во фрижидер да одстои 1 час.
За тоа време се подготвува филот
Јаболката се рендаат и се мешаат со шеќерот и циметот. Сувите сливи се зовриваат во една вода, а потоа убаво се црдат и им се додава румот.
Тестото се ваѓа од фрижидер и се расукува во кора. Јас обично ја правам питата во бр 32. Одкако ќе се исука се префрла во тепсија и се боцка со вилушка на неколку места. Се става еден дел од филот, па се распоредуваат сливите. Се става и преостанатиот фил и питата е спремна за печење. Се пече околу 30 минути на 180 степени.