Банана ролат
Состојки
- 6 цели јајца
- 7 лажици шеќер
- 6 лажици брашно
- 3 лажици прав од топло чоколадо
- 1 кесичка печиво
- за филот
- 1 кесичка шлаг пена (се бие по упатство)
- 1 кесичка пудинг ванила
- 1 лажица маргарин
- 200гр. млеко
- 2 цели банани
- 2 лажици сок од цеден лимон
Подготовка
За бројот 190, а по повод празникот прочка го направив ова ролатче.
Јајцата се бијат со шеќерот се додава брашното помешано со печиво. Смесата се дели на половина и во едниот дел се става прашок за топено чоколадо, во плех и врз хартија се излеваат двете смеси една до друга во широки траки се печи на 180. Топол се завива во ролна заедно со хартијата во која се печел. По кратко време се одвиткува и се мота во кујнска крпа, така се остава се додека не биде готов филот.
Пудингот се вари вообичаено со млекото на оган, нека се згусне, па се трга настрана и се меша повремено да се создава кора.
Во млак пудинг се става лажица маргарин, нека се соединат со мешање. Сосема треба да се излади пред да се промеша со биен шлаг по упатство на кесичката, додавајќи лажица по лажица од шлагот во пудингот (оставаме само за најгоре над ролат 3-4 лажици шлаг). Бананите се лупат непосредно пред да се нанеси филот на кората и се премачкуваат со сок од лимон, велат дека така не потемнувале, ама овај ролат и онака не се мрзне i за ден два не останува ништо.
Значи фил се нанесува над кората и се премачкува цела кора два прсти пред крај не ја мачкам, бананите 2 на број ми ја опфатија цела кора по должина, сега се рола. Над кората најгоре се премачкува со 3 лажици фил (кој го оставаме претходно ) и сосема над него онај оставен шлаг за да образува тeнок слој. Ако имате желба да украсувате, може со топено чоколадо, но и не мора.