Испечати

Вкусни перечиња со пиво

Вкусни перечиња со пиво

Состојки

  • 1 кг. брашно
  • 400 мл. пиво
  • 200 мл. зејтин
  • 1 лажица мешан сув зачин
  • 1 пакетче пециво
  • 1 лажичка сол

Подготовка

1. Во еден сад го ставаме брашното го додаваме пецивото, мешаниот сув зачин, зејтинот, пивото.
2. Посолуваме и мешаме со лажица.
3. Потоа продолжуваме да месиме со рака.
4. Го вадиме тестото од садот и продолжуваме да го месиме со рака на работната маса додека тестото не стане мазно.
5. Со сукалка развлекуваме кора со дебелина од 1 см.
6. Од кората со калап вадиме перечиња и ги редиме во тавата од рерна која е обложена со хартија за печење.
7. Се печат 30 тина* минути на 200 степени.
8. Инаку јас во тестото по свое си додадов и сусам и лен и навистина излегоа уште повкусни.