Испечати

Филувани гурмански палачинки

Филувани гурмански палачинки

Состојки

  • За палачинките
  • 3 јајца
  • 1 кафено лажиче сол (рамно полно)
  • 4-5 супени лажици масло
  • 1/2 л. млеко
  • околу 250-300гр. брашно
  • За фил
  • 500гр. мелено месо
  • 1 главица кромид
  • по потреба сол, мешан сув зачин, црна пипер, оригано
  • 1 павлака
  • 1 јајце
  • За прелив
  • 2 павлаки
  • 2 јајца

Подготовка

Од наведените состојки за палачинки се подготвува каша, на вообичаен начин, со густина на јогурт. Се остава да отстои 30 мин., па се печат палачинките. Се вадат од 12-14 палачинки.

На малку масло или путер се пропржува ситно исецканиот кромид со малку сол, се додава меленото месо, убаво се пропржува, се додаваат и останатите зачини и на крај се додава 1 павлака. Убаво се промешува, се трга од оган, малку да излади и се додава 1 јајце. Убаво се изедначува смесата.
Во смесата за палачинките можи да се додади и 1 китка, ситно сецкан магдонос. Во филот можи печурки, а одозгора рендан кашкавал.

Се филува секоја палачинка (низ целата површина), се витка во ролатче, како пура и се реди во намрсена тава со путер. Врз првиот ред од пури се нанесува од преливот (павлаките со јајцата) и се реди втор ред. Повторно се става прелив и се наросува со оригано.
Се ставаат да се подпечат во загреана рерна и тоа околу 30 мин. на 200 Ц. степени.
На здравје!!!!