Испечати

Видео рецепт: Брзи печени парени колачи

Видео рецепт: Брзи печени парени колачи

Состојки

  • 200 гр. вода
  • 150 гр. масло
  • 2 јајца
  • 5-6 лажици полни брашно
  • 1 лажица нишесте
  • За ШЕРБЕТ ќе ви треба:
  • 500 гр. шеќер
  • 400 мл. вода

Денес ќе готвиме заедно со Надица, готвач член на нашата веб-страница. Надица ќе подготви еден од нејзините најпопуларни рецепти, Брзи печени парени колачи.

Печени парени колачи, во форма на мини тулумби, кои се подготвуваат брзо и од состојки кои најчесто ги имате дома!

Подготовка

Чекор 1: Најпрво зовријте ја водата заедно со маслото. Тргнете ги од оган, додајте го брашното со нишесте и мешајте за да се изедначи смесата. Потоа потпржете ја малку на оган, па повторно тргнете ја на страна. Додајте ги јајцата и убаво изматете, за да добиете рамномерна смеса.

Чекор 2: Со помош на шприц правете колачиња со должина од 5см. и наредете ги во тавата за печење. Печете ги на 200 степени, 25 минути, или додека не заруменат. Потоа оставете ги да се изладат.

Чекор 3: Кога ќе се оладат колачите, подгответе го шербетот. Ставете ги шеќерот и водата да вријат 5 минути. Прелијте ги ладните колачи со топлиот шербет и оставете ги 1-2 часа да го впијат.

Чекор 4: Сервирајте ги во длабока чинија, прелиени со остатокот од шербетот и портокал за декорација.

СОВЕТ: Овие колачи, иако наликуваат на Тулумби, немаат таква текстура во внатрешноста. Сепак, вкусот наликува на овој вид десерт, заради истите состојки и шербетот!