Триаголни сникерс колачи
Состојки
- 250 гр маргарин
- 100 гр шеќер во прав
- 2 јајца
- 8 лажици мед
- 400 гр мелени бисквити
- 500 гр несолени печени кикиритки
- глазура
- 100 гр чоколадо
- 2 лажици масло
- 30-40 зрна бели стоби флипс бомбони
Подготовка
Прво се мати маргаринот со шеќерот, се додаваат едно по едно 2 јајца, се додава медот, убаво се мати со миксер, па се додаваат бисквитите и кикириките. Убаво се изработува со рака, па се нанесува на даска.
Убаво се израмнува и се прелива со чоколадна глазура
Се сечи на триаголници.