Испечати

Венчиња со фил

Венчиња со фил

Состојки

  • тесто
  • 1 кг брашно
  • 1 квасец
  • 400 мл млеко
  • 100 мл масло
  • 2 лажички сол
  • 1 лажичка шеќер
  • 1 лаж оцет
  • 2 јајца
  • фил
  • 200 гр кашкавал
  • 100 гр шунка
  • 100 гр мортадела
  • уште
  • 2 жолчки

Подготовка

Начинот на мотање на венчињата го видов на една страна на фб, па решив да си ги направам со мое тесто и мој фил. За тесто се замесуваат сите состојки и се остава тестото да стаса. За филот се сецкаат сите состојки и се мешат во еден сад.
Стасаното тесто се дели на топчиња бројот на топчињата е според тоа колкави сакате да ви бидат венчињата (јас направив 10 и беа малку големки). Секое топче се сука во правоаголник и се засекува од едната страна како на сликата, а на другата страна се става од филот. Се мота ролат и се формира венче спојувајки ги двата краја на ролатот.
Се редат во намастен плех и се остават да стасат уште малку, па се мачкат со разматена жолчка и се посипуваат со сусам. Се печат на 200 околу 20-25 минути.