Испечати

Свинско филе со суви сливи и парчиња праз

Свинско филе со суви сливи и парчиња праз

Состојки

  • 4-5 парчиња-стракови праз
  • 20-сетина суви сливи/најубаво диви золти сливи/-џанки
  • 500гр свинска кртина
  • 150мл црвено вино
  • 250-300мл вода
  • по вкус сол
  • по вкус бибер
  • по вкус црвена пипер
  • 4-5 суви црвени пиперки

Подготовка

Во сад на оган ставете го маслото со месото и пропржете го се додека не добие убава црвенкаста боја.
Празот исчистете го и насечете го на крупни парчиња на косо. Сувите пиперки измијте ги, исчистете ги од семето и насечете ги на парчиња. Сувите сливи измијте ги.
Во маслото што се пржеше месото ставете ги сливите и пропржете ги маку да омекнат, потоа додајте го празот, малку пропржете, додајте го месото и пиперките, повторно малку прожите, зачинете па додајте го виното, Нека крчка неколку минутки, па додајте ја водата.
Оставте да се крчка на тивок оган околу 30-40 мин.
Ова е рецепт кој што се припрема со генерации во мојата фамилија.
Може да се служи као прилог со печен компир, со кисела павлака, а може и како самостоен оброк.