Испечати

Кокос колачи со кисела павлака

Кокос колачи со кисела павлака

Состојки

  • 6 цели јајца
  • 300гр шеќер
  • 14 лажици млеко
  • 150гр. масло
  • 350гр. брашно
  • 1 кесе печиво
  • за фил
  • 1 литар млеко
  • 6 лажици брашно
  • 1 кесе прашок за пудинг од ванила
  • 2 лажици кисела павлака
  • 200гр. маргарин со вкус на слатка павлака
  • 200гр. шеќер во прав
  • за посип 100гр. кокос

Подготовка

Колачињава се супер меки, воздушести, издашни, така нежни скроени за кокосољупци има на нив слични секако ова е само мој предлог за нив.

Јајцата се бијат со шеќерот, се става млекото, масло, брашно со печиво и се излева да се печи во стандарден плех врз хартија за печење,на 180 да си останат бели. Тестото е мекичко, нека се лади кората а за тоа време се подготвува фил.
Од литар млеко одвоете малку околу 200-300гр. се става на оган. Во тој мал дел млеко се меша брашното со прашокот за пудинг од ванила, додаваме во садот со врело млеко над оган и се вари крем до густина на пудинг, нека се излади сосема настрана.

Во трет сад ставаме маргаринот нека се избие со шеќерот во прав и се додава лажица по лажица во филот. Сосема пред крај киселата павлака ќе го обогати вкусот на самиот фил. Кората пресечете ја на половина по хоризонтала, онака како некогаш што сме научиле од баби, мајки со конец и влечете лево-десно ќе си се исечи и воопшто не се рони.
На ред е сечење на парчиња, а ги сечите како сакате дали коцки или подолгнавеста форма, зависи. Од 36-42 парчиња. Секоја одвоена форма ја одделуваме во средина каде што е сечена и ја полниме со полна лажичка до врв со фил, ги спојуваме. Секое колаче одделно се филува на средина и по краевите, на сам крај и најгоре -знам сега многумина кога ова ќе го читаат ќе им се причини макотрпно ама верувајте на збор,толку се ,,лесни,, и меки да секоја минутка потрошено време не е залудна. На крај секое парче убаво се валка во кокос, најгоре декорирајте, но не е неопходно.