Испечати

Папарацо пита

Папарацо пита

Состојки

  • 350гр. брашно
  • 1 лажиче шеќер
  • 1 лажиче сол
  • 1/2 кесе сув квасец(5гр.)
  • 150мл. млеко
  • 1 цело јајце
  • 2 лажици путер (40гр)
  • за филот...
  • 3 цели јајца, ноктец сол(на вкус)
  • 300гр. кисела павлака

Подготовка

Од каде и зошто такво име не е ни битно, мене ми запна на око некаде се сретнавме на некој сајт па ете ја ви ја претставувам ПАПАРАЦОО......внимавајте!!

Се соединува брашното со сол, шеќерот оди во млекото и квасец  и се активира некоја мин. Ќе остави ,,пена,, на површина кога е готов. Путерот се топи, се става јајцето во брашното, од сите состојки се меси тесто со средна јачина. Премачкав масло и оставив да стаса 1 саат на топло.
На набрашнета површина се сука надојденото тесто-големина колку стандарден плех каде ќе се печи и малку повеќе за 1 прст колку да има странично да се постави од тестото да не се излее филот подоцна. Плехот го премачкуваме путер и ја ставаме кората, боцкаме со виљушка насекаде низ тестото и го оставаме додека се припрема филот.

За филот се бијат јајцата со сол, се става павлаката и се меша, се излева врз кората во плехот. Се печи на 200 ,30 мин. така пишуваше во рецептот ама јас оставив само да се запечи на 200-10 мин. потоа намалив на 180 и тоа 25 минути...сосема доволно, а вие регулирајте си зависно од вашите услови, со чашка јогурт идеална за појадок или ужинка.