Шумско овошје скриено во бовчи од палачинки
Состојки
- 800 мл млеко
- 200 мл кисела вода
- 2 јајца
- 1/4 лажиче сол
- 50 мл масло
- крем
- 500 мл млеко
- 4 лажици шеќер
- 2 пудинзи со вкус на ванила
- 70 гр маргарин
- овошен прелив
- 1 лажица мед
- 2-3 лажици шеќер
- 300 гр микс од шумско овошје
- 50 мл бело суво вино
Подготовка
Прво на вообичаен начин се пржат тенки палачинки.
Потоа во тенџере се ставаат на оган млекото, шеќерот, пудингот да се сварат.
додека е млако се додава изматениот маргарин.
Сега во друго тенџере на оган се става прво медот да се растопи, па се додаваат шумското овошје, шеќерот, виното и се остава на тивко да крчка 20 минути, односно да испари течноста. По желба зачинете со малку цимет.
Се зема една палачинка, се става од ванила кремот, па се става од преливот од шумско овошје.
Се собираат краевите, се формира бовча и по можност се заврзува со гранче нане.
Јас не успеав во цело мало да најдам никнато нане, па некако се снајдов, но мислам ефектот со нане е подобар. Сервирајте по ваша желба.
Уживајте во овој лесен и вкусен десерт.