Испечати

Виенско кафе

Виенско кафе

Состојки

  • 200 мл жешко цедено кафе
  • 50 гр чоколада за готвење
  • 35 мл слатка павлака
  • 2 лажички шеќер
  • За декорација
  • 50 мл изматена слатка павлака
  • по потреба цимет

Подготовка

Повелете на кафенце, измешано со чоколада, шлаг и цимет.
Чоколадата ставете ја на пареа да се стопи. Потоа додајте ја слатката павлака и измешајте ги да се соединат. Додајте го кафето и шеќерот, измешајте ги и турете го во две шољи за кафе.
Одозгора ставете ја изматената слатка павлака, наросете малку цимет и послужете го.