Испечати

Пченкарни мафини со ајвар и сирење

Пченкарни мафини со ајвар и сирење

Состојки

  • 100 грама брашно
  • 100 грама пченкарно брашно
  • 1 пециво
  • 3 јајца
  • 1 лажиче сол
  • 50 мл масло
  • 200 мл јогурт
  • 1 калапче сирење
  • 3 лажици ајвар

Подготовка

Ова е рецепт кој се подготвува за час и одма имате топол доручек на маса. Јас од истата смеса направив два вида мафини, кои вие ќе ги направите оставам на вас.

1. Во еден сад ги мешаме двата вида брашно и пецивото.
2. Јајцата убаво ги матиме со миксер и потоа без да го исклучуваме миксерот додаваме сол, масло и јогурт.
3. Потоа го додаваме брашното со пецивото и матиме со миксерот додека смесата не се соедини.
4. Сирењето го гмечиме со вилушка и го додаваме ајварот и мешаме со лажица да добиеме хомогена смеса. Јас дома имав многу мало калапче ( слика ) ви препорачувам да ставите повеќе ( околу 100-200 грама).
5. Е сега мафините.
Првите
Во калапите ставав една лажица од смесата, па едно мало лажице на средина од ајварот и сирењето и најгоре уште една лажица од смесата. Така направив 6 мафини. (слика)
Вторите
Во остатокот од смесата ги додадов и ајварот и сирењето и целата смеса ја изматив со миксерот да се соедини и ги полнев калапите.
Печеме во загреана рерна на 200 степени околу 20-25 мин во зависност од рерната. Излегуваат 18 мафини.

Многу се меки и убави и додека се топли, за ладни не можам да кажам одма се изедоа.
На здравје!