Испечати

Брза пита со грахам брашно, колбас и сирење

Брза пита со грахам брашно, колбас и сирење

Состојки

  • За тестото
  • 2 јајца
  • 1/2 прашок за пециво
  • 5 лажици грахам брашно
  • 5 лажици брашно тип 400
  • 5 лажици брашно тип 950
  • 200 мл јогурт
  • 50 мл масло
  • За фил
  • 3 јајца
  • 150 гр урда
  • 150 гр козјо сирење
  • 1 пржен колбас
  • прстофат оригано

Подготовка

1. Прво се матат јајцата со миксер, па се додаваат останатите состојки за тестото.
2. Во подмачкано тавче со масло и брашно се става половина од смесата, па се става сечканиот колбас, па втората половина од смесата.
3. Се пече на 200 степени.
4. Откако ќе се испече се става филот од измешаните јајца со урдата и сирењето, врз питата, се посолува со оригано и се враќа во рерна, за да се допече филот.