Слатки бовчи од палачинки
Состојки
- За 10 палачинки
- 450 мл кисела вода
- 15 лажици брашно
- прстофат сол
- прстофат шеќер
- 2-3 лажици масло
- За филување
- 300 мл слатка павлака
- 3-4 лажици слатко од јагоди
- 3-4 лажици мармалад од киви
- малку рендано чоколадо
- украсни ленти
Подготовка
Смесата за палачинки ја матиме, јас тоа го правам најчесто во шејкер, набрзински, сите состојки ги ставам и додека се загрее тавчето веќе ми е готова. Ги печеме палачинките и ги оставаме да се изладат.
Слатката павлака ја матиме и од неа, на секоја палачинка ставаме околу 1 полна лажица. Потоа врз павлаката, на едни ставаме слатко од јагоди, на други мармалад од киви, а на трети сецкани банани. Рендаме чоколадо. Ја собираме палачинката и ја врзуваме со украсна лента. Ја врзуваме во машна, за полесно одврзување.
Може да се направи и солена варијанта и да се врзат палачинките со перца од кромид.