Испечати

Овошни палачинки во боја

Овошни палачинки во боја

Состојки

  • 3 јајца
  • 500мл млеко
  • 10-11 лажици брашно
  • 1 филџан масло
  • прехрамбена боја црвена,зелена,жолта....по желба
  • Фил
  • по потреба/желба банани
  • по потреба/желба суво овошје
  • по потреба/желба мармалад

Подготовка

Во еден сад скршете ги јајцата и матете ги со мик сер додека да добиете густа смеса. Додајте го маслото и повтотно матете, потоа постепено додавајте од брашното и прехрамбената боја на крај додајте го млекото.
Во тава за палачинки на загреан оган од смесата направете палачинки.

Филување на палачинките.
Секоја палачинка премачкајте ја со џемот од овошје и на едниот крај ставте половина банана и ситно исецкано овошје било кој вид накапете со растопеното чоколадо на крај посипете со шеќер во прав и завиткајте ја палачинката. Декорирајте со овошјата што сте ги искористиле внатре во палачинките. Добар апетит...