Испечати

Туфахија (посно)

Туфахија (посно)

Состојки

  • 3 јаболка
  • 300гр. вода
  • 150гр. шеќер
  • 2 ванилин шеќер
  • 200гр. мелени ореви
  • 50гр. црно чоколадо
  • 2 пакетчиња шлаг крем од ванила

Подготовка

Јаболката се лупат се чистат од семките и кратко се варат во шербетот околу 7-8 мин.колку да омекнат но да се внимава да останат цели. Потоа се редат во посебни чаши и длабнатината се полни со оревите и малку од шербетот. Над јаболката се става топено чоколадо, шлаг и рендано чоколадо.
Барајки низ интернет случајно го видов овој рецепт и едноставно морав да го направам, идеален десерт за изненадни гости.