Двобојни слатки кифли
Состојки
- 400 мл млеко
- 1 квасец
- 4 лажици шеќер
- 2 лажички сол
- 90 мл масло
- 800 гр брашно
- 2 лажички какао
- 1 лажиче цимет
- 50 гр маргарин
Подготовка
Во млакото млеко се става малку шеќер и квасецот да втаса.
Потоа се додава остатокот од шеќерот, солта, маслото, брашното и се замесува средно тесто.
Се дели на 2 дела.
Во едниот се ставаат циметот и какаото.
Убаво се изработува.
Потоа се сучат 2 корички, значи ќе имаме една бела, една кафена кора.
Прво се става кафената кора и танко се премачкува со маргарин.
Врз неа се става белата кора.
Се сече кората на триаголници.
Од секое парче се витка кифла, киснат 20 минути и се печат.
Се посипуваат со шеќер во прав.