Испечати

Ванилиците на мојата мајка

Ванилиците на мојата мајка

Состојки

  • 500 гр свинска маст
  • 2 јајца
  • 2 ванили
  • 250 гр шеќер
  • 1 кгр брашно

Подготовка

Прво во вангличка се става маста и се мати со миксер 5 минути, да побели.
Потоа се додаваат ванилата, шеќерот и едно по едно, двете јајца.
Пак со миксер се соединува. Потоа постепено се додава брашното, се меси со рака.
На набрашнета површина се сучи кора со дебелина од 5 мм и се вадат форми по желба.
Се редат во плех и се печат, но не смеат да се вцрват, треба да се бели.
Се лепат две по две со мармалад и се наросуваат со шеќер во прав.