Алва со гриз и кокос
Состојки
- 1 шолја (200) зејтин
- 1 шолја кокос
- 2 шолји гриз
- 3 шолји шеќер
- 4 шолји вода
- 100гр суво грозје
- 1 кесичка ванилин шеќер
Подготовка
Полесно и повкусно-здравје,
1. Се пржи зејтинот со гризот и кокосот, се додека гризот не добие златеста боја.
2. Во друг сад се зоврива водата со двата шеќера и се истура врз испржениот гриз и се вари уште 5-7мин на средна температура. Се додава суво грозје (или било што по желба како ореви, бадеми, рендана кора од лимон, цимет) и се меша постојано да не загори.
3. Се истура во сад, најдобро е да е околу 3-4цм висината на алвата. Се остава во фрижидер добро да се излади, најмалку 6часа.