Посни мафини со какао и кокос
Состојки
- 1 шолја шеќер
- 1 1/2 шолји брашно
- 1 пециво
- 1 шолја кисела вода
- 1/2 шолја зејтин
- 1 лажица какао
- 50 гр кокос
- За декорирање
- 100 гр посно чоколадо за готвење
- 4 лажици зејтин
Подготовка
Брзи и лесни посни мафини, а многу вкусни.
Се мати брашното, пецивото, шеќерот и киселата вода и зејтинот. Смесата се дели на 2 дела. Во првиот дел се додава 1 лажица какао, а во вториот 50 гр кокос. Се сипува по 1 лажица наизменично од двете смеси во кошничките поставени во калапчињата за мафини. Се печат на 200 степени околу пола час.
Се добиваат 12 мафини.
За декорирање
Се топи чоколадото со зејтинот и се тура по една мала лажичка на секоја мафина. Одозгора се става по едно мало парче желе бомбона.