Испечати

Роденденска Сникерс торта

Роденденска Сникерс торта

Состојки

  • За кора
  • 6 белки
  • 12 лажици шеќер
  • 6 лажици мелени кикирики
  • 1 лажица брашно
  • 2 лажици презла
  • 1 лажица зејтин
  • За фил 1
  • 250 г путер
  • 200 г шеќер во прав
  • 6 жолчки
  • 200 г мелени бисквити
  • 200 г чоколадо за готвење
  • 2 кесички шлаг
  • За фил 2
  • 300 г еуро крем
  • 400 г сецкани кикирики
  • За прелив
  • 50 г чоколадо за готвење
  • 2 лажици зејтин

Подготовка

Оваа торта ја подготвував за роденденот од сопругот, бидејќи обожава Сникерс. Верувајте дека вкусот е незаменлив.

Кора
Сматете ги белките во цврст снег, а потоа постепено додавајте шеќер, матејќи цело време. Во снегот додајте ги кикириките, брашното, презлата и зејтинот, па помешајте убаво.
Во округол калап за торта обложен со хартија за печење сипете ја смесата за кора и печете во загреана рерна на 220 степени додека не порумени. Печената кора извадете ја од калапот и оставете ја да се олади.

Фил 1
Во сад сматете ги путерот, шеќерот во прав и жолчките. Посебно стопете го чоколадото, па измешајте го со мелените бисквити, а потоа соединете ја со претходно потготвената смеса од путер. Шлагот подгответе го според упатството на кесичката и смешајте го со филот.

Фил 2
Помешајте го еуро кремот со кикириките.

Печената кора вратете ја во калапот, преку неа нанесете го првиот фил, израменете го и нанесете го вториот фил и ставете во фрижидер да се стегне.

Прелив
Стопете чоколадо на малку зејтин и со неа прелијте ја добро стегнатата торта.
Добар апетит!