Палента ролат
Состојки
- 300 гр палента
- 250 гр шунка или салама по вкус
- 100 гр тиквица
- 2 моркови
- 800 мл млеко
- 50 гр масло
- 1/2 лажиче сол
- 100 гр мешавина од грашок и пченка
Подготовка
Еве еден рецепт со кој ќе ги излажете вашите деца, ако не јадат палента.
На почетокот ги сецкаме морковите и тиквицата на ситни коцки.
По можност да се млади и кревки, затоа што немаат многу варење.
Млекото се става на оган и се додаваат морковите, грашокот, тиквиците и пченката.
Зоврива убаво, а потоа се зачинува и пополека се додава палентата мешајќи истовремено.
Калапот го прекриваме со фолија.
Сецканата салама ја редиме на дното од калапот, па готовата палента ја префрламе во калапот.
Тапкаме со лажицата убаво да легне палентата во калапот и одозгора премачкуваме со масло, па завиткуваме со фолијата.
Така оставаме да се излади па сервираме.
Нас ни се допадна, пробајте и вие.
На здравје