Бели бомбици
Состојки
- 250 гр мелени бисквити
- 3 лажици млеко
- 100 гр маргарин
- 150 гр шеќер во прав
- 1 лажица какао
- 3 аранчини од лимон и портокал
- Глазура
- 100 гр бело чоколадо
- 3 лажици масло
- 2 лајчиња афион
Подготовка
Украсни бомбици кои може за секоја слава, именден или роденден да се направат.
Се мешаат сите состојки за да се добие еднолична смеса. Ако е сува смесата се додава уште малку млеко, а ако е мека смесата уште малку бисквити. Се прават бомбици кои се оставаат во ладилникот малку да се стегнат.
Глазура
Се топи на пареа чоколадата со маслото и оладените бомбици се прелеваа со чоколадата во која има измешано афион. Вкусни и декоративни.